Search

Германија: Kолку нуклеарната енергија е економски исплатлива

Минатата година Германија ја заврши ерата на производство на електрична енергија од атомска енергија.

Германските политичари повикаа на ренесанса на нуклеарната енергија. Сепак, според Прогнос Алмут Кирхнер, физичар во консултантската агенција за енергија и климатски промени, нуклеарната енергија нема многу смисла.

Според неа, насекаде во Европа и во светот тековните градежни проекти на нуклеарните централи драматично доцнат и поскапуваат. Таа додаде дека денес станува збор за инвестиција во убедливо најскапата форма на производство на струја, пренесува агенцијата ДПА.

Како што оцени таа, политичките предлози се легитимни, но мора искрено да се каже дека трошокот ќе го сносат даночните обврзници.

Неизбежниот трошок за инвестирање во нуклеарна централа, рече таа, никогаш нема да може да се исплати од енергетскиот пазар. Дури и во авторитарни држави се покажува дека изградбата на нуклеарни централи не е профитабилна, објасни таа.

Минатата година Германија ја заврши ерата на производство на електрична енергија од атомска енергија.

Како што се наведува, клучниот аргумент на политичарите кои ја поддржуваат нуклеарната енергија е дека таа обезбедува сигурност во снабдувањето со електрична енергија и ја намалува цената. Покрај тоа, предлагачите наведуваат дека нуклеарната енергија не предизвикува климатски промени.

Извро: energetskiportal.rs

Најново

Последни колумни