Денес на програмата на Европското првенство во кошарка на програмата се полуфиалните дуели кои ќе ги одредат патниците во финалето.
Првиот фаворит за златото Германија ќе игра против изненадувањето на првенството, репрезентацијата на Финска од 16.00 часот.
Овие две селекции веќе се сретнаа во групната фаза каде Германија беше убедлива со резултат 91:61.
За вечер во 20:00 часот е закажано балканското кошаркарско „Ел класико“ дуелот помеѓу Грција и Турција.
Ова ќе биде меч полн со страст, набој и вшештена атмосфера на теренот имајќи го предвид спортското но и општественото ривалство помеѓу двете земји.
Финалето на Евробаскетот е закажано за во недела.