Германија е нов европски шампион во кошарка

Кај Германците најефикасен беше Бонга со 20 поени, додека Шенгун постигна 28 поени за турската репрезентација

Репрезентацијата на Германија е нов европски првак во кошарка, откако во финалето вечерва во Рига, ја победи Турција со 88-83.

Во спектакуларно финале, Германците успеаја на крајот да дојдат до трофејот благодарение на прецизните шутеви во финишот, со кои направија оглем пресврт, откако по првиот дел имаа негатива од шест поени разлика. Но, успеаја сето тоа да го надополнат во третиот и во четвртиот период, и така да ги обединат светската и европската титула.

Кај Германците најефикасен беше Бонга со 20 поени, додека Шенгун постигна 28 поени за Турција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни