Германците остануваат без кеш за празниците

Во пресрет на празниците и неработните денови, Германија се соочува со закана од недостиг на готовина на банкоматите.

Зад оваа криза се крие спор во индустријата за транспорт на пари и други вредни предмети. Всушност, станува збор за работници за транспорт на пари до финансиски институции низ државата. Работниците се уште не нашле заеднички јазик со работодавачите, поради што се закануваат со штрајк.

Надлежните признаваат дека е можно поради штрајкот да исчезене готовината во некои делови од земјата, што може да биде проблем за некои луѓе, пред се за постарите лица.

Потенцијалниот недостиг би можел првенствено да се појави на банкоматите, додека штедилниците и банките уверуваат дека се подготвени за такви ситуации.

Германското трговско здружение објави дека претходните штрајкови не предизвикале големи проблеми во продажбата на мало. Според нив, во најдобар случај е незгодно кога на банкоматите нема готовина, што може да резултира со напуштање на набавките.

Употребата на готовина во Германија во последниве години континуирано се намалува.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни