Во изминатите неколку недели, шест носачи долги по 70 метри беа подигнати за два сантиметра, а со помош на лизгачки лежишта и хидраулични преси беше овозможено нивно прецизно поместување.
Овој технички подвиг, според Сојузното министерство за сообраќај на Германија, поставува нов стандард за реновирање на дотраени мостови над долини, со значителни заштеди во време и пари.
Сепак, ваквите зафати бараат индивидуална проценка на теренот, бидејќи просторот често претставува ограничување. Германија се соочува со сериозна криза во мостовската инфраструктура – само на делницата А45 над 60 мостови чекаат замена.
Реконструкцијата на мостот Ринсдорф трае веќе осум години. Прво беше изградена една половина од новиот мост, потоа урнат стариот, па завршена и втората половина. Финалното поместување беше успешно изведено во средата.
За разлика од вијадуктот Рахмеде, каде сообраќајот е во прекин повеќе од три години, кај Ринсдорф тој не беше запрен – со што беа избегнати големи застои во индустриски важниот Рурски регион. Новата германска влада најавува забрзување на слични проекти за да се реши кризата со дотраената инфраструктура.