Од движењето порачуваат: Со оваа акција сакаме да ги повикаме жителите на Скопје да излезат на солидарниот марш што Здружението “16 март” го организира оваа сабота (15. ноември), во 12:05 на Плоштадот Македонија како зборно место. Маршот на ангелите ќе продолжи кон Собранието и ќе заврши пред Основниот кривичен суд во Скопје за да повика на правично судење за масакрот во Кочани. Судењето треба да започне на 19. ноември.

Да се потсетиме Здружение на граѓани 16ти Март 2025 повика на одржување на Маршот на ангелите на 15 ноември, во 12:05 часот, од Плоштад Македонија преку Собранието кон Основниот кривичен суд.
Од Здружението излегоа со порака до сите граѓани: Ние веруваме дека Македонија има совест. Дека знаеме да се сплотиме кога најмногу боли. И дека сме подготвени, заедно, да се исправиме против најголемото зло, корупцијата што им го одзеде животот на нашите деца. Болката е наша, но борбата е на сите нас.
„Болката на Кочани мора да ја почувствуваме сите. Не смееме да дозволиме семејствата да маршираат сами, додека ние си продолжуваме со нашиот секојдневен живот. Тие мора да знаат дека сме заедно во оваа борба, од која никогаш нема да се откажеме.“ – објавуваат Кој е следен? во сооптението до јавноста кое тие го испратија.
