Герила акција за поддршка на бојкотот – „Литро крв за потрошувачка кошничка“

Бојкотот на маркетите поради високите цени беше инспирација на екипата „Урбана герила Скопје“ кои направија герила акција во центарот на Скопје.

Тие поставија уметничка инсталација насловена „Литро крв за една потрошувачка кошничка“, во која беше поставена кукла на жена со ќеса крв како турка количка со основни прехранбени продукти.

„Со оваа акција ние како уметниици даваме активна поддршка на бојкотот на маркетите и се надеваме дека ваквите акции ќе извршат доволна мобилизација на граѓаните за да се креира притисок кон носителите на одлуки, сериозно да се зафатат со проблемот на превисоките цени во маркетите, а и на пазарите (иако земјоделците се соочуваат со исклучително ниски откупни цени на своите производи) и конечно властите да почнат да носат одлуки и решенија во корист на граѓаните, а не на крупниот капитал чиј интерес е единствено профитот“, категорични се уметниците од Урбани уметнички акции.

Уметниците ги потсетија креаторите на кризи и оние трговци кои имаат нефер трговски практики дека најлошото место во пеколот е резервирано за алчните трговци.

Фото: Екипа на Урбани уметнички акции – Урбана герила Скопје

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни