Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ најави герила акција што ќе се одржи во четврток (12 март) пред Министерството за животна средина и просторно планирање.
Акцијата е поврзана со рокот до кога фабриката „Титан Усје“ треба да поднесе барање за нова А-интегрирана еколошка дозвола – документ што ќе ги дефинира правилата под кои фабриката ќе работи во наредните седум години.
Активистите велат дека со симболичната акција сакаат да покажат дека јавноста внимателно го следи процесот и одлуките поврзани со работата на фабриката.
„Ова е одлука што директно влијае на воздухот што го дишеме“, порачуваат од иницијативата.
Герила акцијата е најавена за 13 часот пред зградата на Министерството за животна средина.
Прашањето за еколошката дозвола на „Титан Усје“ во изминатиот период е тема на јавни реакции и граѓански иницијативи поврзани со загадувањето и квалитетот на воздухот во Скопје.