Герхард Бергер верува дека Хамилтон ќе ја освои осмата титула во Формула 1

Поранешниот Формула 1 возач Герхард Бергер верува дека Луис Хамилтон може да ја освои осмата титула во Формула 1.

Во претстојната сезона Хамилтон ќе вози за Ферари.

-Дали болидот на Ферари е вистински за Хамилтон? Да. Хамилтон може да стане светски шампион со Ферари. Ако се случи тоа, би бил најголемиот настан во историјата на Формула 1 од маркетиншка гледна точка, изјави Бергер за „Auto Motor und Sport“.

Хамилтон му се приклучи на италијанскиот тим по сезоната 2024, заминувајќи од Мерцедес. 

Минатата сезона, Британецот заврши на седмото место во генералниот пласман на возачи, со 223 бодови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни