Генералниот секретар на ООН: Мировниот план за Украина мора да го почитува нејзиниот територијален интегритет

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска – во пресрет на состанокот на групата Г20 во Јоханесбург – порача дека секое можно „мировно решение“ за Украина мора строго да го почитува нејзиниот територијален интегритет.

Одговарајќи на новинарско прашање за мировниот план што наводно го поддржуваат Соединетите Држави, Гутереш нагласи дека таков документ „никогаш официјално не бил претставен ниту од САД, ниту од која било меѓународна организација“.

Според него, секое решение мора да биде во согласност со Повелбата на ООН и меѓународното право.

„Мировно решение за Украина засновано на овие принципи мора да ги почитува резолуциите на Генералното собрание, кои јасно го афирмираат територијалниот интегритет на Украина, но и на сите држави во светот,“ рече Гутереш.

Американскиот план предвидува територијални отстапки

Американски функционер вчера изјави дека планот на Вашингтон за Украина предвидува безбедносни гаранции од САД и европските сојузници, еквивалентни на заштитата што ја добиваат земјите членки на НАТО во случај на идни напади. Тоа воедно ги потврдува претходните медиумски извештаи.

Според наводите, планот би барал Киев да се обврзе дека никогаш нема да се приклучи кон НАТО и дека нема да распоредува мировни сили, додека земјата би била дополнително заштитена со стационирање европски борбени авиони во Полска.

Планот, исто така, предвидува значителни територијални отстапки на Украина.

Кремљ: „Подготвени сме за преговори, но официјален документ не сме добиле“

Од Москва денеска соопштија дека Русија сè уште нема добиено никаква официјална верзија на американскиот мировен план од 28 точки, но дека е подготвена да разговара.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни