На повикот на новосадските студенти во блокада да се започне со генерален штрајк денес, се одзваа адвокатите, бројни претприемачи, како и повеќе ветеринарни амбуланти.
Студентите ги повикаа граѓаните на солидарност – да земат слободен ден, да не одат на работа, да не купуваат во продавници, да не користат угостителски услуги, јавен превоз, ниту да посетуваат театри и кина.
Штрајкот доби силна поддршка од Адвокатската комора на Војводина, која донесе одлука за еднодневен прекин на работата.
Големите протести започнаа!
Фокусот на студентите овојпат се јавните претпријатија, бидејќи, како што истакнаа, „на овие работници правото на штрајк им е оневозможено со нашите закони за работни односи и штрајк“.
Протестната рута вклучува повеќе клучни институции, меѓу кои Основниот суд, Вишото јавно обвинителство, Српското народно позориште, Клиничкиот центар на Војводина и бројни јавни претпријатија.
ИТ секторот во 10:00 часот ја блокира клучната раскрсница кај кампусот, каде ќе ги чека студентите за заеднички протест.
Просветните работници и воспитувачите исто така влегуваат во протестот!
Новосадските просветари се собираат во 11:00 часот пред Школската управа за да протестираат поради неисплатени плати, додека воспитувачите најавија блокади на раскрсници од 11:52 часот, по што ќе се приклучат на студентите.
Денес градот застанува – за правда, за промени, за иднината!