Генерација З избира „кариерен минимализам“ наместо традиционална кариера

Генерација З ја преиспитува дефиницијата на успех – наместо трка по титули, тие избираат рамнотежа, ментално здравје и стабилност. Дознај што значи кариерен минимализам.

Генерација З ја менува перцепцијата за работа и кариера, оддалечувајќи се од традиционалниот корпоративен пат кој го следеа претходните генерации. Наместо бескрајната трка за унапредување, тие го прифаќаат новиот работен етос познат како „кариерен минимализам“, пишува Indy100.

Иако се предвидува дека припадниците на Генерација З оваа година ќе заземат секоја десетта менаџерска позиција, лидерската улога не е нивна крајна цел. Нивните вистински амбиции често се надвор од границите на класичното работно време од 9 до 17 часот.

Според истражување на Glassdoor, дури 68% од младите отворено изјавиле дека не би се труделе да станат менаџери, освен ако не им се понуди значително поголема плата или подобра титула.

Што претставува кариерен минимализам?

Наместо слепо следење на традиционалниот пат и качување по корпоративната скала, Генерација З го дефинира успехот според сопствени критериуми.

Во време на непредвидливо пазариште на труд, честите отпуштања, брзите технолошки промени предизвикани од вештачка интелигенција и сеопштото професионално прегорување (burnout), младите сè повеќе се фокусираат на умерено работно оптоварување, работна сигурност и личен развој, наместо на експресно унапредување.

Кариерниот минимализам значи балансиран пристап, каде што усовршувањето на вештини и менталното здравје имаат предност над трката по титули или статус по секоја цена.

„Генерација З преиспитува што значи да се биде успешен на работа денес“, вели Даниел Жао, главен економист во Glassdoor.
„Тие не ја одбиваат амбицијата – туку ја насочуваат кон одржливи кариерни патеки, кои даваат приоритет и на финансиска сигурност и на лично исполнување.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни