Генерацијата Z има порелаксиран став кон возење под дејство на алкохол

Истражување во Велика Британија покажува значителни разлики во однос на постарите генерации

Припадниците на генерацијата Z покажуваат поопуштен однос кон возењето и консумирањето алкохол во споредба со постарите генерации, покажува најново истражување спроведено во Велика Британија, пренесува Танјуг.

Според анкетата, само 64 отсто од лицата родени помеѓу 1997 и 2012 година сметаат дека не треба да се управува возило по консумирање алкохол. Кај другите генерации, овој став го делат дури 83 отсто од испитаниците, објави британскиот весник The Times.

Истражувањето открива и дека 37 отсто од припадниците на генерацијата Z сметаат дека е општествено прифатливо да се седне зад воланот дури и кога е надмината дозволената граница на алкохол во крвта. Кај останатите генерации, ваков став имаат само 21 отсто од испитаниците.

Податоците доаѓаат во чувствителен момент, кога Влада на Обединетото Кралство подготвува нова, поопсежна стратегија за безбедност во сообраќајот. Како дел од тие мерки, се очекува и дополнително намалување на дозволеното ниво на алкохол во крвта за возачите.

Експертите предупредуваат дека ваквите ставови кај помладите возачи можат да претставуваат сериозен ризик за сообраќајната безбедност, особено ако не бидат проследени со соодветни едукативни и превентивни кампањи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни