Генерацијата Z е значително поосетлива на психотични нарушувања

Истражување покажува дека генерацијата Z има значително повисок ризик од психотични нарушувања. Експертите предупредуваат на растечки тренд кај младите.

Луѓето родени околу почетокот на 2000-тите години покажуваат поголема чувствителност на психотични нарушувања, како што е шизофренијата, во споредба со постарите генерации. Ова го покажуваат резултатите од голема анализа на здравствени податоци објавена од Канадското лекарско здружение.

Истражувањето опфатило податоци за повеќе од 12 милиони лица родени во периодот од 1960 до 2009 година и открило јасен пораст на нови дијагнози кај помладите генерации. Според наодите, годишната појава на психотични нарушувања кај младите од 14 до 20 години пораснала за околу 60 проценти во последните децении, додека кај лицата родени помеѓу 2000 и 2004 година стапката на нови дијагнози е значително повисока во споредба со оние родени во 1970-тите.

Истражувачите нагласуваат дека дел од порастот може да се должи на подобра дијагностика и пристап до здравствени услуги, но истовремено укажуваат дека се потребни дополнителни анализи за да се разберат вистинските причини за овој тренд. Особено е забележано дека психотичните нарушувања почесто се јавуваат кај мажи и кај лица кои живеат во средини со понизок социо-економски статус.

Дополнителни истражувања покажуваат дека припадниците на генерацијата Z често се поанксиозни и поосетливи на психолошки притисоци во споредба со претходните генерации, што може да биде еден од факторите што влијаат врз нивното ментално здравје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни