Гејминг настан – Предизвици Без пауза

Настанот ќе трае од 12 до 18.30 часот

На 22 декември во 12 часот во Base42 започнува Гејминг настан – Предизвици Без пауза.

„Направи ли пауза од летната „БЕЗ ПАУЗА“? Зашто ние продолжуваме со зимско предизвикувачко издание на нашиот гејминг клуб. Овој пат содржината ни е уште поитнересна и има место за сите. Ќе може да се пријавиш и да учестуваш во предизвикување на нашите шампиони дури во 4 игри и два квиза“ велат организаторите. Како шампион за Теккен 8 ќе учествува победникот од овогодинешниот Сакура Фестивал Yamato @simon.mircevski , и ова може да е единствена шанса да се чувствуваш како да играш во финале на Теккен 8 турнир
Пријави се за Tekken8 предизвик: https://shorturl.at/6fhOcВо Марио Карт ќе може да се тркаш со Максим @maksim_beckovic , еден од најголемите фанови на Супер Марио во Македонија
Пријави се за MarioKart8 предизвик: https://shorturl.at/FgoBlЗа прв пат кај нас ќе може да дознаеш колку навистина си добар во безвремената игра Тетрис против нашиот шампион Огнен Киров Тодоровски @todorovskiognen
Пријави се за Тетрис предизвик: https://shorturl.at/KUJ9dАна Марија Гиевска @gievvska , ќе го предводи шампионатот во Уно со твист, за играта да ја направи по возбудлива
Пријави се за wild Uno предизвик: https://shorturl.at/8sggOЛин @kaeyasimpski и Леа @its_lred подготвија гејминг квиз каде што силите ќе си ги мерат само оние со најголеми знаења од гејминг културата, поточно гејминг ликовите
Пријави се за гејминг квиз: https://shorturl.at/ZfbTDНиколај Јанушев @orozztv @yungnikoo ќе погодува која игра ја играш во моментов, сопоставување на интригантни прашања – пријава на лице место. Посети го нашиот сајт www.japan.net.mk и пријави се веднаш да го предизвикаш шампионот против кој мислиш дека имаш најмогу шанси, велат организаторите.

Програмата е следна

ГЛАВА СЦЕНА

12:00 – 13:30 Марио Карт предизвик Максим
13:30 – 14:30 Гејминг квиз со Леа и Лин
14:30 – 16:00 Тетрис предизвик против Огнен
16:00 – 17:00 Која игра ја играш ќе погодува Николај
17:00 – 18:30 Теккен 8 предизвик против Јамато

ЧИЛ ЗОНА

12:00 – Друштвени игри
13:00 – Документарен филм за јапонски игри
14:30 – Уно предизвик со Ана Марија

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни