ГДИ со дигитални иновации и практични решенија за иднината

Обединување на технологијата, податоците, експертите и акумулираното знаење во GDI овозможува подобра заедница, отпорна на тековните ризици и предизвици поврзани со климатските промени.

Планирањето ќе биде видливо и хумано, зелениот катастар ќе биде транспарентен и достапен, сообраќајниот метеж ќе замине во минатото, безбедноста ќе се зголеми, додека раното предупредување од поплави и пожари ќе овозможи превентива.

Ова е заклучокот од вчерашната конференција на компанијата ГДИ, која го организираше GDi Solutions Day 2025 во Скопје и ги обедини претставниците на институциите, јавните претпријатија и експертите од областа на Глобалниот Информациски Систем (ГИС) и дигиталната трансформација.

„Овој настан го потврди лидерството на ГДИ Скопје во имплементација на решенија базирани на ГИС платформи. Исто така, овој настан не однесе во иднината со дефинирање на потребите за стратешки пристап во градење заедница со задоволни граѓани. Денешниот ден не само што го потврди лидерството на GDi Скопје во имплементација на решенија базирани на ГИС платформи, туку не внесе во иднината и потребите за стратешки пристап во градење заедница со задоволни граѓани. Во колоритниот пејсаж на ESRI, ГДИ нуди стратешки пристап со докажани решенија, кој наместо податоците да ги чува во архива, создава моќно оружје кое дава душа на кој било тип инфраструктура и ја зголемува ефикасноста на јавните услуги и задоволството на граѓаните“, рече Дејан Крстевски, директор на ГДИ Скопје.

Тој е убеден дека во Македонија има предуслови и потенцијали за обединување, бидејќи според него, нема време за одложување. „Решенијата се тука, да ги примениме за заедница со задоволни граѓани“, објасни Крстевски.

Како поддршка на стратешкиот пристап, преку повеќе тематски сесии беа претставени веќе имплементирани решенија: OSS за телекомуникации, AQUA Solutions, ENERGY Solutions и LOCALIS Solutions, решенија за различни типови индустрии.

Настанот вклучи и дел за образование и општествена одговорност со презентација на активности и придонес кон процесот на едукација од страна на ГДИ. Во рамки на оваа сесија, посебен акцент беше ставен на образованието и идните генерации, каде IPS International Primary School и GIS клубот од Битола прикажаа креативни StoryMaps проекти на учениците за културни и урбани теми.

За GDi

ГДИ Скопје речиси три децении развива индустриски решенија засновани на геопросторни технологии и податочни платформи за да обезбеди поефикасни процеси, сигурни услуги и одржлив развој. ГДИ ги следи и користи најновите Esri трендови, како што се иновациите во географски информациони системи, вклучување на дигитални близнаци и интеграција на вештачката интелигенција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни