Минатата година, Европа се соочи со напредок но, и сериозни предизвици во поглед на правата на ЛГБТ заедницата. Земјите во Западна Европа ги продлабочија правата на ЛГБТ лицата, додека пак, во некои земји од Источна Европа и од Балканот има застој, а дури се забележува и враќање наназад во правата на оваа заедница.
Еве ја сосојбата на ЛГБТ заедницата во некои европски земји:
Грција: Со легализацијата на истополовите бракови и посвојувања, Грција стана првата православна земја што ги воведе овие права, укинувајќи и “принудни разводи” за транс-родови лица. Сепак, ваквиот напредок наиде на жестока реакција на опозиција од десничарските и екстремно конзервативни кругови во земјата.
Кипар: Во Кипар се зголемија казните за говор на омраза насочен кон ЛГБТ лица, но земјата остана настрана од легализацијата на истополовите бракови. Симболична поддршка за ЛГБТ правата дојде од градоначалникот на Никозија, кој учествуваше на Парадата на гордоста.
Турција: Во услови на авторитарниот режим на претседателот Ердоган, ЛГБТ организациите се соочуваат со зголемена репресија. Забраната на настани, филмови и активизам со квир тематика е дел од широката реторика против ЛГБТ правата.
Албанија и Косово: Албанија не воведе нови закони, иако имаше симболична венчавка на лезбејска двојка, додека Косово го одложи ветениот закон за граѓански заедници, што предизвика критики од Советот на Европа.
Чешка: И покрај отсуството на закон за истополови бракови, Чешка го унапреди статусот на граѓанските партнерства, а Уставниот суд ја укина дискриминацијата во врска со хируршки интервенции и стерилизација за транс родови лица. Сепак, нема закон за заедничко посвојување на деца
Полска и Словачка: Полска се соочува со сериозни предизвици во исполувањето на ветувањата за легализација на истополовите заедници и заштита од говор на омраза. Владеењето на конзервативните политички сили продолжува да ја влошува ситуацијата за ЛГБТ заедницата. Словачка исто така донесе неколку закони против “ЛГБТ пропаганда”, што создава тензии во општеството.
Естонија: Естонија стана првата постсоветска држава што легализираше истополови бракови, додека паралелно се отстрани дискриминацијата на геј и би крводарители.
Унгарија и Белорусија: Под власт на Орбан, Унгарија продолжува да спроведува анти-ЛГБТ политики, што ги доведе во судир со Европскиот суд. Белорусија ја класификува ЛГБТ содржината како “порнографија”, што дополнително ја заострува репресијата врз заедницата.
Шпанија: Уставниот суд ја потврди законитоста на местата на гордоста, дозволувајќи на локалните власти да веат ЛГБТ знамиња од јавни згради. Меѓутоа, новиот закон на владата го повлекува оригиналниот анти-ЛГБТ закон, што создаде политички дебати.
Шкотска и Обедонетото Кралство: Шкотска донесе закон за злосторства од омраза, обезбедувајќи посебна заштита за ЛГБТ заедницата. Обединетото Кралство, пак, продолжи со контроверзниот мораториум за хормонски третмани за транс лица, но во исто време најави забрана за конверзивна терапија.
Норвешка и Данска: Норвешка го воведе Законот за забрана на конверзивна терапија, додека Данска стави крај на дискриминацијата за геј и би крводарители.
Во голем дел од Европската Унија ,Заштитата на ЛГБТ правата напредува но, голем број земји, особено во Источна Европа и Балканот, се уште се борат со враќањето во минатото и политичката репресија. Настојувањата за интеграција во ЕУ понекогаш се загрозени поради недоволната поддршка на правата на ЛГБТ заедницата, што создава потреба за унапредување на реформите и глобална поддршка за зачувување на овие права во земјите со авторитарни режими.