Репортерката од Сплит била облечена во балетанки со блескави детали, кои го привлекле вниманието на еден гавран, кој почнал да ѝ колва по чевлите.
„Ни се придружи уште еден соговорник, што е со него сега?“ запрашала репортерката низ смеа и почнала да потскокнува со надеж дека гавранот ќе се откаже. Но, тоа не се случи, а репортерката ѝ рече на соговорничката: „Би се поздравила пред да ме изеде оваа мала птица“, но токму во тој момент гавранот се откажал од својот план.
Целата ситуација ги насмеа водителите на утринската емисија од студиото кои коментираа дека ситуацијата била доста непријатна.