Гатузо незадоволен од европскиот квалификациски систем за Мундијалoт 2026

Италијанскиот селектор бара реформи поради нерамномерни квоти меѓу континентите.

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Џенаро Гатузо, е незадоволен од правилата за квалификации за Светското првенство во 2026 година во Европа.

-Во 1990 и 1994 година, на Светското првенство имаше две африкански екипи (три во 1994 година, Ед.), сега има девет… Ако ја погледнете Јужна Америка, каде што шест од девет екипи се квалификуваат директно… Тоа е жално и малку тажно. Системот во Европа треба да се промени, изјави Гатузо за „ESPN“.

Четириесет и осум екипи ќе се натпреваруваат на Светското првенство во 2026 година: осум од Азија, девет од Африка, три од КОНКАКАФ (плус три како земји домаќини), шест од Јужна Америка, една од Океанија, 16 од Европа и две од плејофот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни