Гастроентеролог тврди дека едно овошје е најдобро за здравјето на цревата

Ако сакаме да го подобриме здравјето на цревата, малините се одличен избор, но не треба да бидат единствениот извор на влакна

Повеќето луѓе внесуваат значително помалку растителни влакна од препорачаното – иако е јасно дека исхрана богата со влакна може да има силно влијание врз здравјето. Влакната ја поддржуваат работата на цревата, ја помагаат дигестијата, го намалуваат ризикот од хронични болести, поттикнуваат здрава телесна тежина и дури можат да придонесат за подолг животен век. И додека сите зборуваат за протеини или јаглехидрати, внесот на влакна останува важен и често занемарен.

Значи, кога станува збор за здравјето на цревата и варењето, едно овошје посебно се издвојува – малините. Според зборовите на гастроентерологот д-р Вил Булсевич, токму малините можеби се најдобриот избор за здравјето на цревата.

“Голем обожавател сум на малини – превкусни се. Како бонбони се – не знам како можат да бидат толку здрави – но се”, вели тој во видео.

Д-р Булсевич објаснува дека околу 120 грама малини содржат околу седум грама влакна. Освен со влакна, малините се богати и со витамин Ц и полифенолни антиоксиданси. „Верувале или не, иако содржат шеќер, истражувањата покажале дека бобестото овошје го намалува ризикот од дијабет тип 2 – а кај оние што веќе го имаат, може да помогне во неговото ублажување“, додава гастроентерологот.

Малините се богати со влакна, но сиромашни со FODMAP-јаглехидрати кои често предизвикуваат тегоби кај лица со чувствителен дигестивен систем, пишува EatingWell. „Со други зборови, ако имате проблеми со варењето и сакате да ја обновите цревната флора, треба да уживате во малините“, вели д-р Булсевич. Тој препорачува малини како ужина, во смути или слично – лесно се вклучуваат во секојдневната исхрана.

Ако сакаме да го подобриме здравјето на цревата, малините се одличен избор, но не треба да бидат единствениот извор на влакна. „Едно од петте најважни нешта што треба да ги правите секојдневно за здравје на цревата и општото здравје е да јадете разновидна растителна исхрана – вклучувајќи интегрални житарки, здрави масти и протеини“, заклучува д-р Булсевич.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни