Британскиот весник „Гардијан“ одлучи дека повеќе нема да споделува содржини од своите профили на социјалната мрежа Х. „Гардијан“ изјави дека размислувале за овој потег веќе некое време, но дека сфатиле дека придобивките од тоа да се биде на платформата се премали во споредба со негативните работи.
„Сакавме да ги информираме читателите дека повеќе нема да објавуваме содржини од ниту една од официјалните профили на социјалнта мрежа X “, се вели во соопштението.
Гардијан има повеќе од 80 профили на мрежата со околу 27 милиони следбеници.
Британскиот весник и портал посочи дека долго време се загрижени за многу работи на X, вклучувајќи десничарски теории на заговор и расизам. Однесувањето на мрежата пред, за време и по претседателските избори во САД само ја забрза одлуката.
„Ова е нешто што го разгледувавме долго време со оглед на често вознемирувачката содржина што беше промовирана на платформата, како што се десничарските теории на заговор и расизмот“, забележува весникот.
„Кампањата за претседателските избори во САД само го потврди она што долго време го мислевме – дека X е токсична медиумска платформа и дека нејзиниот сопственик Илон Маск го користи неговото влијание за да го обликува политичкиот дискурс“, додава Гардијан.
Група против говор на омраза и лидерите на ЕУ го критикуваа Маск поради содржината на мрежата откако ја купи во 2022 година за 44 милијарди долари.
Гардијан рече дека корисниците на X сè уште ќе можат да ги споделуваат своите написи на платформата и дека објави од X понекогаш ќе бидат вградени во нивните објави како дел од нивното покривање вести.
Нивните новинари ќе продолжат да ја користат платформата за собирање информации и вести.