Овие информации се на Гардијан откако имал увид во доверливи документи на Шкотската агенција за заштита на животната средина (Sepa).
Инцидентите се случиле во складиштето за оружје во Кулпорт, на брегот на Лох Лонг, во близина на Глазгов во западна Шкотска, каде што се складираат нуклеарни боеви глави за британски подморници.
Според документите, истекувањето се случило прво во 2010 година, а потоа двапати во 2019 година.
🇬🇧Radioactive water from the UK’s nuclear weapons storage site at Coulport leaked into Loch Long due to repeated pipe failures, official records reveal. pic.twitter.com/7dwedeVg34
— NewsAspect (@newsaspect) August 9, 2025
Во март 2020 година, Министерството за одбрана се обврзало да спроведе мерки за спречување на понатамошни истекувања.
Сепак, како што наведува „Гардијан“, дури и после тоа, во 2021 година се регистрирани две нови пукнатини на цевки, вклучувајќи едно во област каде што се наоѓаат и радиоактивни материјали.
Според извештаите собрани од Сепа, дури половина од компонентите во таа база биле надвор од нивниот проектен век во времето кога се случиле истекувањата.
Во извештајот од 2022 година, Сепа изјави дека истекувањата се резултат на повеќекратни неуспеси на Кралската морнарица соодветно да ја одржува опремата во секторот за складирање на боеви глави, оценувајќи дека плановите за замена на цевките се несоодветни.
Документите, нарачани од шкотскиот комесар за информации Дејвид Хамилтон, биле доставени до истражувачката веб-страница Ферет, шест години откако новинарите поднеле барања за пристап.
Министерството за одбрана на Велика Британија и регулаторот се обидоа да ги чуваат во тајност, повикувајќи се на националната безбедност, но Хамилтон рече дека станува збор за заштита на угледот, а не за националната безбедност.
Експертот за нуклеарно оружје, Дејвид Кален, од Институтот за безбедност BASIC со седиште во Лондон, рече дека повторените инциденти се шокантни, а обидите да се сокријат од јавноста се неприфатливи.
„Оваа небрежност не е исклучок, туку последица на системскиот недостаток на надзор над нуклеарната програма“, предупреди Кален.
Агенцијата објави дека е задоволна од напредокот што го постигнаа базите Калпорт и Фаслејн во подобрувањето на управувањето и одржувањето на инфраструктурата и дека слични инциденти не се регистрирани во последно време.
Портпаролот на Министерството за одбрана на Велика Британија изјави дека се посветува максимално внимание на безбедното и сигурно ракување со радиоактивни супстанции и додаде дека во ниту еден момент не се случило опасно испуштање на радиоактивен материјал во животната средина.