Галоски сними сет за издавачката куќа на Tiësto

Македонскиот диџеј и продуцент Галоски по покана од Tiësto сними ексклузивен сет за неговата издавачка куќа „Musical Freedom“.

Македонскиот електронски диџеј и продуцент Galoski по покана од холандскиот светски познат диџеј и продуцент Tiësto сними ексклузивен сет за неговата издавачка куќа Musical Freedom.

Во официјалната објава на Galoski на социјалните мрежи, тој ги сподели информациите дека сетот веќе беше емитуван во Америка и дека се работи за важен чекор во неговата кариера.

Оваа соработка ја потврдува позицијата на Galoski меѓу меѓународно признатите продуценти и дополнително ја отвора патеката за негово проширување кон глобалната електронска сцена.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни