„Галеб“ во Народен театар Битола – Еколошка приказна инспирирана од Чехов

Народен театар Битола ја премиерно изведе претставата „Галеб“ од А.П. Чехов, под режија на Багријана Попов. Оваа интерпретација на класикот истражува како езерото и природната средина влијаат на животите на ликовите, создавајќи симболична врска помеѓу човечките односи, љубовта, животот и дивиот свет. Претставата ги прикажува кревките врски во еден екосистем каде што природата и луѓето се нераскинливо поврзани.

Главните улоги ги толкуваат Јулијана Мирчевска, Илија Волчевски, Огнен Дранговски, Катерина Аневска-Дранговска и други истакнати актери. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски, а музиката ја компонираше Александар Димовски.

Багријана Попов, наградувана режисерка со долгогодишен интерес за делата на Чехов, се враќа на неговите драми со уникатна перспектива, адаптирајќи ги во контекст што ја истакнува поврзаноста на луѓето и природата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни