Гала и „Freed from Desire”: Студентската борба и музичкиот хит кој ја одбележува

Италијанската пејачка Гала ја имаше јавно објавено својата поддршка и задоволство за студентите во Белград кои ја користат оваа песна во нивната борба, но она што е многу интересно во суштина е дека песната не секогаш ја имала оваа популарност. Односно, на оваа песна и требало долго време за да ја види светлината на денот, авторката почнала да заработува од неа дури по 2020 година, а денес станува уште повеќе популарна преку активизмот и ѓраѓанските борби.

Годинешното издание на фестивалот Егзит беше отворено со една од најпознатите песни кои ги одбележуваат моменталните протести во Белград, односно ,,Freed from desire” на италијанската пејачка Гала. Сè уште се вирални видеата на кои со ритамот на оваа песна, стотици студенти во различни делови од Србија играат во ист ритам и предизвикуваат прекрасна атмосфера кај присутните, но и даваат еден поинаков контекст на граѓанската борба со прославување на заедништвото, на блискоста и на надежта за подобра иднина токму преку гласно пеење на стиховите на оваа песна.

Италијанската пејачка Гала ја имаше јавно објавено својата поддршка и задоволство за студентите во Белград кои ја користат оваа песна во нивната борба, но она што е многу интересно во суштина е дека песната не секогаш ја имала оваа популарност. Односно, на оваа песна и требало долго време за да ја види светлината на денот, авторката почнала да заработува од неа дури по 2020 година, а денес станува уште повеќе популарна преку активизмот и ѓраѓанските борби.

Сериозни предизвици за да се објави песната

Гала се соочувала со сериозни предизвици кога ја напишала својата прва нумера бидејќи немало заинтересирани музички куќи за нејзино објавување кога почнала да пишува на дваесетина години. Оттаму, не бил лесен нејзиниот пат до првиот продуцент кој се согласил да ја објави песната, што траело околу една година.

Дури и по објавувањето на песната, првично изгледало како нејзиното објавување да е залудно, бидејќи не само што не влегла во првите 100 на Билборд листата, туку и воопшто не била забележена на американскиот пазар. И по објавувањето на нејзиниот прв албум во 1997, други песни од албумот имале многу поголема популарност од ,,Freed from Desire”.

Сепак, оваа на песна кон крајот на 1998 и се насмевнува среќата во една позната британска музичка емисија, од каде започнува и нејзиното ширење на американскиот пазар. Ова не значи дека пејачката престанува да се соочува со предизвици, односно, на познатиот музички фестивал во Гластонбери била поканета за учество во крајно неповолни услови кои ги одбила. Оттогаш до сега, таа сè уште не настапила таму.

Нов живот на светскиот хит

Светскиот хит беше реактивиран повторно по 2018 година низ спортот, односно навивачите на лондонскиот фудбалски клуб Фуламкои на напаѓачот од Србија Александар Митровиќ му ја пејат песната во модифицирана верзија. Од тогаш па до денес, забележани се повеќе вакви  повремени ,,навраќања” кон песната, од кое едно од најзначајните е секако платформата ТикТок која ја прави повторно вирална.

Сепак, едно од најзначајните оживувања на оваа песна е токму преку студентските протести во 2025 со што се означи една нова ера во граѓанската и демократска борба во Србија. Нејзиното изведување во четвртокот на Егзит претставува еден од најмоќните перформанси со познатото ,,Пумпај”, кое ги обедини пејачката и граѓаните преку заедничката борба и солидарност.

Платформата Нетфликс најави снимање на документарец за Гала токму под насловот ,,Freed from Desire”, во кој останува да се види како се движело влијанието на оваа песна низ годините, особено во последните години со новиот контекст кој таа го доби на Балканот и нејзиното значење.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни