Гала француска филмска вечер со „Нешто малку поинакво“ во Синеплекс

Уште со првиот негов филм, Артус успева да ја насмее публиката, вешто избегнувајќи ги клишеата, и исмевајќи се со нашите двојни стандарди без да притоа ни одржи лекција

По повод својата 50-годишнина, Францускиот институт во Скопје и Трговскиот центар Скопје организираат трета по ред гала француска филмска вечер под слоганот „Најдоброто од Франција”!, во Синеплекс, на 30 октомври, во 20 часот.  Ќе биде прикажан најуспешниот филм во последните 10 години, за кој во Франција до сега се продадени 10 милиони влезници – „Нешто малку поинакво“ на Артус, со Артус , Кловис Корнијак и Алис Белаиди.

За филмот, медиумите напишаа:

„Уште со првиот негов филм, Артус успева да ја насмее публиката, вешто избегнувајќи ги клишеата, и исмевајќи се со нашите двојни стандарди без да притоа ни одржи лекција“ (Ел)

„Уште една мала работа“ воспоставува врска помеѓу „лажниот инвалид“ и хендикепираните. Самиот филм е гротескен, смешен и истовремено многу трогателен (Паризјен)

„Ликовите се симпатични. Вистинска лекција за хуманост и скромност“ (Л журнал ду диманш)

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни