Габриела Илиевска се врати во Советот во Битола – не како советничка, туку како граѓанка-набљудувач

Независната активистка и поранешна претседателка на Советот порача дека продолжува да се грижи за интересите на граѓаните и покрај изгубената функција
фото: сдк.мк

На денешната седница на Советот на општина Битола, независната граѓанска активистка Габриела Илиевска присуствуваше како набљудувач, откако не беше избрана во новиот советнички состав по локалните избори.

Илиевска, која на октомвриските избори освои околу 8.000 гласови (21,80 %) и со тоа забележа значаен резултат, истакна дека нејзината политичка ангажираност не завршува со официјалната функција. Според неа, нема потреба да се има платена позиција за да се грижи за тоа како се трошат јавните пари и како се штитат интересите на битолчани.

„Имам обврска кон 8.000 битолчани“, порача Илиевска, истакнувајќи дека ќе продолжи да биде присутна и активна во јавните дебати и јавни процеси, континуирано во интерес на Битола.

На седницата, иницијативата „Поинаку“, која сега брои четири советници, се соочи со новото мнозинство – сите нивни предлози за дополнување на дневниот ред беа одбиени. Овој развој ја илустрира напнатата политичка динамика во локалниот парламент.

Извор: СДК.МК

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни