Г7 разгледува мерки за заштита на бродовите во Персискиот Залив поради растечките тензии

Лидерите на Г7 разгледуваат можност за придружба на трговските бродови во Персискиот Залив за да се обезбеди безбедна пловидба поради војната меѓу САД, Израел и Иран.

Лидерите на групата Г7, Соединетите Американски Држави, Канада, Јапонија, Италија, Велика Британија, Германија и Франција се согласија да ја разгледаат можноста за обезбедување придружба на бродови за да можат непречено да пловат во Персискиот Залив.

Ова се наведува во заедничка изјава објавена по телефонскиот состанок на лидерите на Г7.

Состанокот го свикал францускиот претседател Емануел Макрон, а на него се разговарало за американско-израелската војна против Иран и нејзиното влијание врз растот на цените на енергенсите.

„Во таа насока е формирана работна група која ќе ја истражи можноста за придружба на бродови кога ќе бидат исполнети соодветни безбедносни услови. Тоа ќе се прави во соработка со бродските компании, превозниците и осигурителните компании“, се наведува во изјавата што ја пренесе Ројтерс.

Тензиите во регионот се зголемија поради нападите врз трговски бродови и ризикот за пловидбата низ Персискиот Залив, кој е една од најважните светски рути за транспорт на нафта и гас.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни