Министрите за надворешни работи на групата Г7 упатија заеднички повик за итен прекин на нападите врз цивили и цивилна инфраструктура во тековниот конфликт во Иран.
Изјавата беше договорена на вториот ден од состанокот што се одржува во Франција, која оваа година претседава со групата. Шефовите на дипломатиите нагласија дека е клучно да се намали влијанието на војната врз цивилното население, регионалните партнери и виталната инфраструктура.
Во заедничкото соопштение се истакнува и потребата од координација меѓу сојузниците за ублажување на глобалните економски последици од конфликтот, вклучително и нарушувањата во синџирите на снабдување, кои влијаат врз енергетскиот и трговскиот сектор.
Дополнително, министрите ја потенцираа важноста од обновување на безбедната и слободна пловидба низ Ормуски теснец – клучна поморска рута за светската трговија со енергенси
Кои се членки на Г7?
Групата Г7 ја сочинуваат САД, Обединето Кралство, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија.
Покрај нив, Европска Унија редовно учествува на состаноците.