Функција на клима-уредот што речиси никој не ја користи: Повеќе разладување и помали сметки

Многумина се прашуваат што значи опцијата Fan на клима-уредот, иако се работи за многу корисна функција. Fan режимот помага за проветрување на просторијата, одржува свежина и е енергетски ефикасен – без потреба од постојано ладење. Со правилна употреба, може значително да се намали потрошувачката на електрична енергија.

Што точно прави Fan режимот?
Кога е вклучен овој режим, работи само вентилаторот на климата, додека компресорот е исклучен. Тоа значи дека уредот не ја менува температурата или влажноста во просторијата, туку само го движи воздухот и овозможува рамномерна циркулација.

Кога е најкорисно да се користи?

  • Наутро и навечер, кога надворешната температура е пријатна.
  • Во пролет и есен, кога нема потреба од активно ладење.
  • Ноќе, за циркулација на воздух без дополнително ладење.
  • За подобрување на квалитетот на воздухот – филтрите на климата ќе задржат прашина и алергени.
  • По завршено ладење, за сушење на внатрешните делови и спречување појава на мувла и непријатни мириси.

Во влажни денови Fan режимот не е препорачлив, бидејќи воздухот само ќе циркулира без да се намали влагата. Во такви услови, подобра опција е режимот „Dry“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни