На 12 април во 20:00 часот во СТАНИЦА 26 ќе настапи колективот Funk Shui.
“После подолг период, се враќаме дома со концерт! Овој април, пред да тргнеме на Балканска турнеја, започнуваме токму тука – во нашиот град, со вас. По успешната 2024, време е да ја започнеме новата концертна сезона дома, во вистинска атмосфера. Се гледаме во Станица 26 – прва станица пред турнејата!“ велат од колективот.
FUNK SHUI е еклектичен колектив од Македонија, воден од ненаситна љубопитност да истражува нови патишта на музичко изразување. Од нивниот деби албум „Етер“ во 2012 година, потоа следениот во 2015 година „R.E.M. и ЕП „Импулс“ во 2018 година, FUNK SHUI постојано се развива, усовршувајќи ја својата визија и звук. Бендот не може лесно да се категоризира, но најдобро е разбран како извонредно искуство кое опфаќа низа на емоции, стилови и влијанија.
Со секое издание, FUNK SHUI ги поместува границите на модерната музичка сцена, правејќи уникатна патека кон редефинирање на што значи да се биде навистина талентиран и експресивен бенд во регионот. Нивната исклучителна работа не остана незабележана, а бендот беше поканет да настапи на некои од најпрестижните музички фестивали низ Европа, вклучувајќи ги „Eurosonic – ESNS“, „Mondo.NYC“, „MENT Ljubljana“, „Athens Music Week“, „PIN Music Conference“ и „Liverpool Sound City“ .Достигнувањата на FUNK SHUI се бројни, но можеби ниту едно не е толку вредно како успехот на нивниот сингл „Метеори“, кој регионалната публика на музичкиот портал „Balkanrock“ го прогласи за „Сингл на годината 2020“.
Билети во претпродажба од 10.03 во 10:00 наутро, онлајн на www.drugastrana.mk