Фудбалскиот тренер Јирген Клоп доби медал за заслуги од германскиот претседател

Јирген Клоп, поранешниот тренер на Борусија Дортмунд и Ливерпул, беше одликуван со орден за заслуги од германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер.
Фото: Bundesregierung/Sandra Steins

Клоп изјавил дека се чувствува почестен што бил дел од малата група на извонредни луѓе со инзвонредни приказни.

Покрај Клоп, орден за заслуги добија уште 28 познати личности од Германија.

Кога дознал за наградата, Клоп се запрашал: „Зошто јас – и за што?“ Потоа го прочитал образложението и помислил: „Добро, ако било неопходно, тогаш на работите сигурно може да се гледа така“, рекол Клоп со намигнување, пренесе Дојче веле.

Во најавата за наградата на Клоп, спикерката Сузане Даубнер изјавила дека успехот никогаш не го кренал во облаци германскиот тренер, кој продолжил да внимава на секој спортист и сите да ги гледа как луѓе.

Помеѓу останатите добитници на Сојузниот медал за заслуги се најдоа личности кои се залагаат за вредностите на демократијата, без разлика дали тоа е во науката, бизнисот, уметноста или спортот.

Медалите се доделуваат пред Денот на германското обединување, што се прославува на 3 октомври.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни