23-годишната Клаудија Рицо оваа сезона стана првата жена претседател на клубот од Серија Ц, Тернана.
Во разговор за Гардијан, таа вели дека „„Фудбалот долго време беше машки свет, но работите се менуваат“.
„Тоа е огромна одговорност, но и можност да се донесе нешто поинакв, Сакам да докажам дека жените можат да водат во фудбалот исто како и во секое друго поле.“
Рицо ја започнала својата кариера работејќи во семејните бизниси пред да се префрли во спортот.
„Фудбалот отсекогаш бил вистинска страст за мене. Кога се појави оваа можност, благодарение на моето семејство, решив да ја прифатам. На оваа возраст е правилно да се ризикува и да се фрлиш во нешта. Не се раѓаш како претприемач — стануваш таков.“
Иако името на нејзиното семејство има големо влијание во клубот, таа е решена да биде независна претседателка. „Важно е да покажам дека не сум тука само поради моето семејство,“ вели таа. „Тука сум за да работам, да учам и да заслужам почит.“
Рицо израснала опкружена со фудбал. „Кога се родив, татко ми ѝ честиташе на мајка ми, не толку затоа што родила, туку затоа што тоа го направила на денот кога неговиот тим, Јувентус, ја освои Скудетото! Значи да, пораснав со фудбалот. Тоа е фасцинантен свет, полн со емоции.“
На прашањето кој е нејзиниот стил, таа вели дек а претседателот не треба да биде дистанциран.
„Играчите мора да чувствуваат дека зад нив стои поддршка и стабилност. Тој мир е клучен, и сигурна сум дека со посветеност и вистински пристап можеме да имаме добра сезона и да ги направиме сите горди.“
Дали е премногу млада за оваа работа?
„Јас на младоста гледам како на сила,“ вели таа. „Таа ти овозможува да внесеш свежи идеи и модерен пристап. Во Тернана е важно да се изгради мост помеѓу новите и постарите генерации, а притоа да се зачува идентитетот на клубот. Сакам да ја завршам оваа работа добро и да ги оправдам очекувањата на навивачите, тимот и персоналот. Клучно е да се испрати јасна порака: не мора да си маж за да водиш клуб или да работиш во фудбалски менаџмент. Иднината е женска, и малку по малку, фудбалот ќе пречека повеќе жени кои можат да му дадат свежа енергија и позитивен поттик напред.“ порача Рицо
