Фудбалерите на Јувентус на гости кај Трамп – тој им сврте грб и зборуваше за мигранти, трансродови лица и нападот на Израел врз Иран

Претседателот на САД Доналд Трамп во Белата Куќа ги прими фудбалерите на Јувентус, а целата атмосфера и разговори беа во најмала рака непријатни.

Седејќи на своето биро и со грб свртен кон „Бјанконерите“, Трамп го искористи медиумското внимание за да зборува за политиката кон мигрантите, но и кон трансродовите лица.

„Луѓето мора да дојдат легално. Како овие луѓе зад мене. Тие мора да дојдат легално. Ако дојдат легално, ги сакаме. Тие мора да кажат дека ја сакаат Америка, дека ја сакаат нашата земја. Ако не можат да го кажат тоа, тогаш не ни требаат“, рече Доналд Трамп, покажувајќи кон играчите зад него, меѓу кои беа и Американците Вестон МекКени и Тимоти Веа.

Потоа тој се осврна на правата и статусот на трансродовите лица.

„Момци, дали женско може да заигра во вашиот тим?“, Трамп ги изненади играчите на Јувентус.

Тие воглавно кисело се насмевнуваа, но ниту еден играч не се осмели да одговори.

Непријатната тишина ја прекина новоназначениот генерален директор на клубот, Французинот Дамјан Комоли, со обид да понуди дипломатски одговор…

„Имаме многу добар женски тим, тие се шампиони на Италија“, рече Комоли.

„Но, тие треба да се натпреваруваат против жени, нели?“, продолжи Трамп, желен да ја заврши својата приказна, но овој пат Комоли не понуди одговор.

„Доста дипломатски од ваша страна“, коментираше претседателот и ја смени темата.

Потоа Трамп пред играчите на Јувентус зборуваше и за нападот на Израел над Иран.

Трамп на подарок доби дрес со бројот 47 потпишан од сите фудбалери на Јуве.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни