Фронтменот на „Манескин“ ќе се ожени со глумицата Дав Камерон

Фронтменот на италијанската рок-група „Манескин“, музичарот Дамијано Давид, се вери со американската глумица и пејачка Дав Камерон по две години врска.

Фронтменот на италијанската рок-група „Манескин“, музичарот Дамијано Давид, се вери со американската глумица и пејачка Дав Камерон по две години врска.

Иако парот сè уште официјално не ја потврдил веридбата, порталот TMZ објави фотографии направени во Сиднеј, на кои јасно се гледа голем дијамантски прстен на левата рака на Камерон.

Фотографиите, направени додека двојката шетала низ центарот на градот, брзо станаа вирални и предизвикаа бројни реакции на социјалните мрежи.

Дав и Дамијано се запознале во 2023 година на доделувањето на наградите MTV Video Music Awards, каде што двајцата биле номинирани во категоријата за најдобар нов изведувач. Неколку месеци подоцна повторно се сретнале кога Камерон присуствувала на концерт на групата „Манескин“. Потоа биле фотографирани заедно во Бразил, по настапот на Давид во Сао Паоло, што го означи почетокот на нивната врска.

Врската ја потврдиле на почетокот на 2024 година, кога заедно се појавиле на црвениот тепих на една престижна прослава во пресрет на доделувањето на наградите „Греми“.

„Кога повторно се сретнавме на VMA 2023, едноставно се поврзавме. Тој беше искрен и отворен од самиот почеток. Нашиот прв состанок траеше осум часа, само разговаравме и се запознававме“, изјавила Камерон за списанието „Космополитан“.

Извор:Nova.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни