Фронтменот на Coldplay отворено за депресијата, но и со совети за како да го одржувате менталното здравје

Фронтменот на Coldplay, Крис Мартин, се отвори за својата борба со депресијата и сподели начини кои му помагаат да го подобри расположението и да го одржи менталното здравје.

Во една неодамнешна објава на Инстаграм, Крис Мартин состави и сподели листа со препораки за оние кои имаат проблеми како депресија и анксиозност.

Како што објасни, забележал колку луѓето денес се борат со менталното здравје, вклучувајќи го и самиот тој, па решил да сподели некои од техниките кои му помогнале со надеж дека ќе им помогнат на другите.

На прво место на неговата листа е практиката на таканареченото „слободно пишување“ – 12 минути запишување на сите мисли, стравови и грижи на хартија, а потоа горење или фрлање на таа хартија.

После тоа, тој ја истакнува трансценденталната медитација, за која вели дека значително му помогнала.

Тоа е едноставна ментална техника која се практикува во тишина, со затворени очи и во удобна положба, со цел да се постигне внатрешна рамнотежа и ментална јасност.

Мартин исто така препорача проприоцепција – свесно движење на телото со цел да се балансира умот.

Во тој контекст го спомна и Џим Костело, креаторот на методот Костело, кој според него е особено корисен за младите со АДХД и аутизам.

Како што објасни тој, овој метод започнува од телото, а не од умот:

„Се работи за помагање на луѓето да престанат ментално или емоционално да очекуваат непријатни ситуации и да ја обноват довербата во нивните тела.“

Неговата листа на препораки ги вклучува музичкиот албум Music For Psychedelic Therapy од Џон Хопкинс, филмот Sing Sing и книгата The Oxygen Advantage, која се занимава со правилни техники на дишење.

Тој додаде дека често може да биде оптоварен со негативни мисли, но музиката од самиот почеток му помага „да најде светлина и објаснување за некои од потешките моменти во неговиот живот или животот на луѓето околу него“.

Коментирајќи за тоа како неговото ментално здравје и оптимизам послужиле како инспирација за новиот албум, Мартин рече:

„Moon Music е еден вид приказна за тоа што се будите наутро со ужасно чувство за себе и за светот – депресивно, изолирано, одвоено и чувство како да не сте способни да бидете тоа што сте. Албумот го следи тоа патување и води до сосема спротивното чувство на крајот од денот“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни