Потона брод на Фронтекс кај грчкиот остров Кастелоризо, четворица повредени

Брод на Фронтекс потона во близина на грчкиот остров Кастелоризо, четири лица се повредени и пренесени во болница на Родос.

Четири лица се повредени откако брод на Фронтекс се превртел и потонал во морето во близина на грчкиот остров Кастелоризо, соопшти крајбрежната стража.

На пловилото имало вкупно пет лица – четворица државјани на Естонија, меѓу кои и естонскиот амбасадор во Грција, како и еден припадник на грчката крајбрежна стража.

Повредените биле извлечени од морето со помош на патролен чамец и катамаран, по што биле пренесени во здравствениот центар на островот. Поради сериозноста на повредите, тие подоцна биле транспортирани со хеликоптер во болница на Родос.

Надлежните информираат дека причините за несреќата засега не се утврдени и се во тек истраги за расчистување на случајот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни