Фридрих Мерц избран за канцелар на Германија во вториот круг од гласањето

epaselect epa12076990 Designated German Chancellor Friedrich Merz attends the election of German Chancellor at the Bundestag in Berlin, Germany, 06 May 2025. The new German government will be formed between the Union parties of Christian Democratic Union (CDU) and Christian Social Union (CSU) and the coalition partner Social Democratic Party (SPD). EPA-EFE/FILIP SINGER

Германскиот Бундестаг во својот втор круг од гласањето го избра Фридрих Мерц од ЦДУ за нов канцелар, откако заедно со СПД ја обезбеди поддршката од Левицата и Зелените.

Првиот круг на гласање, кој се одржа утрината, не донесе успех за ЦДУ и СПД, бидејќи не го достигнаа потребниот минимум од 316 гласови. Меѓутоа, во вториот круг, новото парламентарно мнозинство обезбеди 325 гласови „за“, со што Мерц беше избран за канцелар. Иако се очекуваше гласањето да продолжи по неколку дена, поддршката од Левицата и Зелените го забрза процесот.

Мерц наскоро ќе ја добие официјалната потврда за мандатот од сојузниот претседател Франк-Валтер Штајнмаер во палатата Белви. Според протоколот, тој ќе положи заклетва во Бундестагот, при што дел од текстот веќе беше објавен во медиумите.

Во заклетвата, новиот канцелар изјавува дека ќе се залага за доброто на германскиот народ, ќе ги почитува Уставот и законите, совесно ќе ги извршува своите должности и ќе спроведува правда за сите, со завршни зборови: „Нека ми помогне Бог“.

По положувањето на заклетвата, Мерц повторно ќе се сретне со претседателот Штајнмаер, заедно со новите министри кои исто така ќе добијат официјална потврда за функциите што ќе ги вршат. Потоа, тие ќе положат заклетва пред Бундестагот.

ЦДУ и СПД, коалициските партнери во новата влада, веќе постигнаа договор за распределба на функциите. Особено значајно е тоа што ЦДУ по долго време ќе го преземе Министерството за надворешни работи, со Јохан Вадефул како министер, додека Гинтер Крихбаум ќе биде задолжен за европските прашања.

СПД ќе управува со седум министерства, при што Борис Писториус ќе го задржи ресорот за одбрана.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни