Free Flow Weekend во Скопје

Во сабота и недела на 10 и 11 август во просториите на Јавна Соба ќе се одржи Free FlowWeekend во Скопје.

Во програмата за оваа година ќе се одржат неколку активности низ кои учесниците ќе имаат можност да се изразат и развијат креативно, да напреднат во својот танц, да се запознаат со интернационални уметници и да се предизвикаат себеси и своето тело.

Предвидени се три Хип-Хоп фристајл работилници со прекрасни гости и искусни танчари – Dadass Taisho, Anie Škrabánkova и Jana JP Petrovska, 2 и пол часовна џем сесија со DJ Anie, Hip-Hop battle 1vs1 со DJ Smoky M и уште многу изненадувања.

Во сабота по работилниците ќе се организира after party, а во недела утрински ќе се одржи отворена дискусија каде ќе се зборува на теми: танц, battles, тренинзи, музика, заедница, култура, животен стил итн.

За дискусијата не е потребна претходна онлајн регистрација и влезот за посетители е слободен.

За учество на активностите потребно е секој танчер да се регистрира на следниот линк:

https://forms.gle/SmjdG8ev2nXPVMAK7

Онлајн регистрацијата ќе биде отворена до 8ми август до 20:00ч.

Програма:

Сабота 10.8

Локација: Јавна Соба – 1 кат 

10:00-11:00 ► РЕГИСТРАЦИЈА

11:00-12:30 ► РАБОТИЛНИЦА JP (MK, CZ)

12:45-14:15 ► РАБОТИЛНИЦА ANIE (CZ) 

                    – ПАУЗА

15:30-17:00 ► РАБОТИЛНИЦА DADASS (FR, ES)

          21:30 ► PARTY / Локација: Ќе биде објавена НАСКОРО!

Недела 11.8

Локација: Јавна Соба – 1 кат 

10:00-11:00 ► ОТВОРЕНА ДИСКУСИЈА (теми: танц, бетлови, култура, заедница, музика итн.) – Дискусијата ќе биде водена на англиски јазик.               

11:00- 12:00► РЕГИСТРАЦИЈА

12:00-14:30 ►ЏЕМ СЕСИЈА / ПРЕСЕЛЕКЦИЈА ЗА ТОП 16 – w/ DJ Anie 

                    – ПАУЗА

15:30-18:00 ► HIP-HOP BATTLES 1vs1 – Судија Dadass (FR,ES) – w/ DJ Smoky-M, Host JP и специјален водител MC како изненадување!

                 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни