Данската премиерка Мете Фредериксен денеска во Брисел ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, на разговори посветени на најновите случувања поврзани со Гренланд.
Средбата се одржува во контекст на зголемената дипломатска чувствителност по најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за можен „иден договор“ поврзан со островот, што предизвика реакции кај европските сојузници.
Според данскиот портал DR.dk, на агендата ќе биде утврдување на јасни „црвени линии“ за ангажманот на Данска и Гренланд, како и улогата на NATO во арктичкиот регион.
