Французите ќе добијат прирачници за преживување. Макрон: Сакам да бидеме подготвени

Брошурата ќе биде поделена на три дела: совети за тоа како да се заштитите себе и вашите најблиски, што да направите ако заканата стане неизбежна – со список на итни броеви, радиоканали и потсетник за затворање на вратите и прозорите ако заканата е нуклеарна, како и детали за тоа како да се вклучите во одбраната на заедницата, вклучувајќи се за резервни единици или противпожарни груп

Француската влада наводно планира да испрати прирачник за преживување до секое домаќинство во земјата со упатства како да се подготват за неизбежни закани, вклучувајќи вооружен конфликт, здравствена криза или природна катастрофа, јавува Guardian. Ако ја одобри премиерот Франсоа Бајру, брошура од 20 страници ќе биде испратена до домаќинствата пред летото, известуваат француските медиуми.

Брошурата ќе биде поделена на три дела: совети за тоа како да се заштитите себе и вашите најблиски, што да направите ако заканата стане неизбежна – со список на итни броеви, радиоканали и потсетник за затворање на вратите и прозорите ако заканата е нуклеарна, како и детали за тоа како да се вклучите во одбраната на заедницата, вклучувајќи се за резервни единици или противпожарни групи.


Ќе се предложи и составување на прирачниот комплет за преживување, кој треба да вклучува најмалку шест литри вода, десетина конзерви храна, батерии и батериска лампа, како и основни медицински потребштини, вклучувајќи парацетамол, облоги и физиолошки раствор, јавува радио Европа 1, кое ја пренесе оваа вест.

„Целта на овој документ е да се осигура отпорноста на населението на сите видови кризи, без разлика дали се природни, технолошки, сајбер напади или поврзани со безбедноста“, изјави портпаролот на кабинетот на премиерот. Канцеларијата на францускиот премиер не одговорила на барањето на Guardian за потврда на овие информации.

Извештајот доаѓа откако Емануел Макрон изјави дека Франција ќе ја забрза и зголеми набавката на борбени авиони Rafale, за да го засили военото воздухопловство на земјата и да се подготви, ако сака да избегне војна.

На почетокот на овој месец, Макрон ја повика Франција и Европа да се подготват за справување со руската закана и можноста САД да се повлечат од континентот. „Сакам да верувам дека САД ќе останат со нас, но мора да бидеме подготвени ако не останат“, рече тој во обраќањето до нацијата. „Русија стана, во овој момент и во годините што следуваат, закана за Франција и Европа“, додаде тој.

За време на вчерашната посета на воената база во источна Франција, Макрон изјави дека одлуката за дополнителни инвестиции во воена опрема како одговор на ескалацијата на случувањата во светот ќе биде објавена во наредните недели.

„Нашата земја и нашиот континент мора да продолжат да се бранат, да се опремуваат и да се подготвуваат ако сакаме да избегнеме војна. Никој не може да каже што ќе се случува во месеците или годините што доаѓаат. Она што сакам е да бидеме подготвени. Она што сакам е да бидеме заштитени“, порачал францускиот претседател.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни