„Не третираа како животни“, изјави д-р Јасин Афаф, хирург и претседател на францускиот одбор на хуманитарната флотила Global Sumud, која тргна од Барселона во септември со цел да достави помош во Појасот Газа и да го оспори израелскиот поморски блок.
Афаф изјави дека уште од почетокот знаеле дека шансите за успешно доставување на хуманитарната помош се мали, но дека главната цел била „да се прошири информацијата и да се подигне свеста за состојбата во Газа“.
Пречекани со палестински знамиња и скандирања
На парискиот аеродром ги пречекаа околу 50 поддржувачи, кои носеа палестински знамиња и скандираа „Слободна Палестина“. Меѓу протераните беше и европратеничката Рима Асан, членка на радикално-левичарската партија „Непокорна Франција“, која изјави дека била претепана од израелската полиција при апсењето.
„Она што се случи со флотилата е без преседан“, рече Асан за новинарите.
Израел: „Флотилата е поврзана со Хамас“
Израелската влада ја обвини флотилата дека е поврзана со Хамас – палестинската исламистичка организација со која Израел е во воена состојба во Газа повеќе од две години. Според израелската полиција, повеќе од 470 лица биле уапсени на бродовите, а процесот на депортација започнал минатиот четврток.
Флотилата беше обид за симболичен пробив на израелската блокада и носеше хуманитарна помош за палестинското население во Газа.
Израелската блокада на Појасот Газа трае веќе 17 години, а меѓународните обиди да се достави помош по морски пат редовно се спречуваат од страна на израелската армија. Оваа интервенција предизвикува нови дипломатски тензии меѓу Израел и дел од европските држави, вклучително и Франција.
Извор: N1info.rs