Француските уметници од колекцијата на Остен музејот

Остен музејот има значителна колекција од повеќе од 15000 уметнички дела од околу 3000 уметници од над 80 земји (слики, цртежи, графики, скулптури, предмети, како и керамики). Делата во музејот се поделени во национални колекции, од кои француската колекција е меѓу најзначајните и најбројните со близу 200 француски уметници

Изложбата насловена „Француските уметници од колекцијата на Остен музејот ќе биде отворена 27 ноември во 19 часот и е плод на соработката помеѓу Францускиот институт во Скопје, Националната галерија и галеријата Остен чиј музеј важи за нејзино најголемо достигнување.

Остен музејот има значителна колекција од повеќе од 15000 уметнички дела од околу 3000 уметници од над 80 земји (слики, цртежи, графики, скулптури, предмети, како и керамики). Делата во музејот се поделени во национални колекции, од кои француската колекција е меѓу најзначајните и најбројните со близу 200 француски уметници меѓу кои освен големите мајстори како Анри Матис , се и уметниците од модерната и современата уметност како Пјер Сулаж (Pierre SOULAGES) – добитник на ГРАН ПРИ за животно остварување на ОСТЕН БИЕНАЛЕ Скопје 2018 , како и уметници од разни делови на Европа и светот кои поголемиот дел од живот и кариера ги изградиле во Франција како Пабло Пикасо или Виктор Вазарели.

Изложбата е во знак на затворање на прославата по повод 50 годишнината на Францускиот институт

Повеќе информации за изложбата и изложените автори на : https://shorturl.at/wrnzp

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни