Францускиот премиер мора да формира влада до понеделник

Премиерот Себастиен Лекорњу се соочува со политичка криза и рок за буџет, додека се бори да формира влада пред понеделник во услови на длабоки поделби.

Францускиот премиер Себастиен Лекорн се трка со времето за да формира влада пред рокот за буџет во понеделник, откако се појавија поделби во рамките на конзервативната партија Les Républicains (LR) околу тоа дали да прифатат министерски позиции во неговиот кабинет.

Само два дена по реизборот, Лекорњу мора да го претстави нацрт-буџетот пред владата и парламентот, што бара итно пополнување на клучните министерски позиции – сето тоа среде една од најдлабоките политички кризи во Франција во последните децении, пишува Reuters.

Раководството на партијата LR во саботата соопшти дека нема доверба и услови за влез во владата на Лекорњу, иако според „Le Monde“, мнозинството пратеници од таа партија се за вклучување во кабинетот за да влијаат на буџетските политики.

Поранешниот премиер Мишел Барние, истакнат член на LR и пратеник, постави строги услови за евентуално учество во владата, вклучително и задржување на контроверзната пензиска реформа на претседателот Емануел Макрон, со која старосната граница за пензионирање беше зголемена на 64 години.

„Нашата поддршка мора да остане доследна на борбите што ги водиме за Французите,“ напиша Барние на платформата X, посочувајќи ги намалувањето на дефицитот, задржувањето на пензиската реформа, безбедносните мерки и економската конкурентност како неприкосновени услови.

Центристичката партија UDI објави дека ќе ја поддржи новата влада, но нема да учествува во нејзиниот состав. Партијата Horizons, блиски сојузници на Макрон, изјави дека нема да влезе во кабинет кој се залага за суспензија на пензиската реформа.

Овие „црвени линии“ директно се судираат со ставовите на левичарските партии, чија поддршка му е неопходна на Лекорњу за да остане на власт. Лидерот на Социјалистичката партија, Оливие Фор, во интервју за La Tribune Dimanche изјави дека ќе гласа за рушење на владата ако пензиската реформа не биде суспендирана.

Лекорони, прашан за можноста за суспензија на реформата, навести флексибилност, велејќи дека сите дискусии се можни „сè додека се реални“.

„Си поставив јасна цел – и тогаш политичките сили или ќе помогнат да ја реализираме заедно, или нема да помогнат,“ изјави тој.

„Ако условите пак не се исполнат, си одам. Нема да прифатам сè и сешто,“ изјави за La Tribune Dimanche.

Ако не успее да обезбеди поддршка од парламентот, Франција ќе мора да усвои привремен закон за трошење, со кој ќе се овозможи финансирање на државата од 1 јануари, додека не се донесе целосен буџет. Истото се случи минатиот декември, кога падна владата на Мишел Барние.

Лекорњу ветува влада на обнова и разновидност, но до сега не објави ниту едно назначување, иако до уставниот рок остануваат помалку од 24 часа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни