Завршува 63 тото издание на Меѓународниот поетски фестивал Струшки вечери на поезијата

Жан Пјер Симеон, добитникот на „Златен Венец” – Поезијата е начин на живот

Мора да се размислува за животот во општеството низ призма на поет, на слободен начин. Целта е секогаш да се слави апсолутноста на животот. Постојат многу начини на кои можеме да го направиме тоа. Љубовта е само еден пример, еден од најдобрите примери

Со меѓународно поетско читање „Мостови” и врачување на наградитe, „Златен Венец“, „Браќа Миладиновци” и „Мостови на Струга” вечер на Мостот на поезијата во Струга завршува 63. издание на Меѓународниот поетски фестивал Струшки вечери на поезијата (СВП).

Највисокото фестивалско признание „Златен венец“ ќе му биде врачено на годинашниот лауреат, францускиот поет Жан Пјер Симеон.

– Сметам дека не живееме на правилен начин. Нашите животи ни се земаат од рака и поезијата е на некој начин нешто што ни кажува на сите нас дека имаме право апсолутно целосно да го живееме својот живот. Не само да постоиме во некакви улоги, да имаме обврски, ниту, пак, да бидеме робови на општествените барања. Мора да се размислува за животот во општеството низ призма на поет, на слободен начин. Целта е секогаш да се слави апсолутноста на животот. Постојат многу начини на кои можеме да го направиме тоа. Љубовта е само еден пример, еден од најдобрите примери. Моето творештво во изминативе години имаше цел на сите да им покаже дека поезијата мора сите да нѐ заинтересира затоа што таа не се состои само од песни. Поезијата е начин на живот, начин на постоење. Начин на живот кон кој сите треба да се стремиме. Кон слободата, братството. Сметам дека тоа треба да ни биде цел на сите нас. Мислам дека овој фестивал е толку добро познат низ целиот свет. Исклучително е важно за сите поети низ целиот свет овој фестивал да постои – рече Жан Пјер Симеон.

Наградата „Браќа Миладиновци“ за 2024 година за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата ќе и биде доделена на македонската поетеса и книжевен теоретичар Катица Ќулавкова за книгата „Небото ми е дома“. Академик Ќулафкова по втор пат го добива ова признание, во 1989 и беше доделно за книгата „Жедби“.

Признанието „Мостови на Струга“ што УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата го доделуваат за најдобар поет-дебитант ќе и биде врачена на германската писателка Катрин Пиц за нејзинатапоетска книга „Вакви денови имало отсекогаш“, потенцираше Мартиновски.

Во Стругс во изминатите три дена твореа и читаат поезија 25 странски и 50-тина домашни поети.

Меѓунардниот поетски Фестивал свечено беше отворен во четвртокот со традиционалнот палење на фестивалскиот оган и садење дрвце во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златниот венец“.

Најново

Последни колумни