Во петок на 18 октомври во 20:00 часот во Ликовен Салон, Велес во склоп на Фестивалот на Џез, Ворлд и Современа музика ќе настапи 𝐀𝐧𝐭𝐞𝐳, перкусионист од Франција.
𝐀𝐧𝐭𝐞𝐳 е звучен скулптор кој го истражува и умешно доловува звукот заедно со материјата со помош на интервенирање врз физичката перцепција на звукот и неговиот однос со просторот. Вели дека можноста за експериментирање со звукот со акустични инструменти е безграничен.
Неговите алатки-инструментите, ги нарекува уреди и со нив ја пренасочува нивната употреба.
Основата на неговиот перформанс е да ја истражи резонантната структура на просторот во кој тој настапува.
Концептот на целиот перформанс е непредвидлив до самиот крај, користејќи само акустични процедури и методи на продукција кои се изведени од движења на неговото тело.
Неговиот звук е честопати споредуван со некои звуци на синтисајзер, покрај тоа најголем фактор е просторoт и резонантноста во кој тој се наоѓа.
Покрај неговиот перформанс, 19 октомври со почеток во 20:00 часот ќе се одржи работилницата заедно со Аntez, која ќе се одвива во Театар Ј.Х.К-Џинот (Велес) на Мала сцена.
Работилницата е наменета за сите оние кои се заинтересирани да го истражат повеќе звукот или импровизацијата.
Учеството на работилницата е бесплатно.