Францускиот институт во Скопје, кој е главниот центар за ширење на франкофонската култура денес го одбележува Денот на раѓањето на Француската Република со следнава честитка:
Честит празник на сите Французи низ светот! Падот на Бастилја го означи почетокот на Француската револуција, a сто години подоцна оваа дата ќе биде избрана како национален празник на Франција – ден што го слави стекнувањето на слободата и создавањето на Републиката. Денес го одбележуваме 14 Јули – Денот на француската република!
