Францускиот филм „Нешто малку поинакво“ во „Синеплекс“

Гала филмска вечер „Најдоброто од Франција“ ќе биде организирано на 30 октомври во 20 часот во киното „Синеплекс“ при Скопје сити мол. Ќе биде прикажан филмот „Нешто малку поинакво“. Проекцијата е во рамките на 50-годишнината од основањето на Францускиот институт во Скопје. Се работи за ексклузивна премиера во регионот на најуспешниот филм во последните 10 години во Франција, со досега продадени над 10 милиони влезници. Филмот е во режија на Артус, а главните улоги ги толкуваат Артус, Кловис Корнијак и Алис Белаиди. Филмот ќе се прикажува во „Синеплекс“ од 31 октомври.

-Уште со својот прв филм, Артус успева да ја насмее публиката, вешто избегнувајќи ги клишеата и исмевајќи се со нашите двојни стандарди без да притоа да морализира.“ (Ел / Elle)

„Нешто малку поинакво“ воспоставува врска помеѓу „лажен инвалид“ и хендикепираните. Самиот филм е гротескен, смешен, а истовремено и многу трогателен. (Ле Паризјен / Le Parisien)

„Ликовите се симпатични. Вистинска лекција за хуманост и скромност.“ (Ле Жирнал ди Диманш / Le Journal du Dimanche)

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни