Највисокиот суд во Франција ќе донесе одлука во петок дали поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад може да биде лишен од претседателски имунитет, што би ја отворило вратата за негово судење во отсуство за наводни хемиски напади.
Ако одлуката биде донесена, таа ќе воспостави правен преседан за гонење не само симнати и во егзил лидери, туку и актуелни шефови на држави обвинети за злосторства против човештвото.
Асад се соочува со судење пред францускиот Касационен суд за употребата на хемиско оружје во Гута (2013) и Дума (2018).
Сега во егзил во Русија, Асад ги негира обвинувањата и нема правен застапник за овие случаи.
„Огромна победа за жртвите“
Според Мазен Дарвиш, претседател на Сирискиот центар за медиуми, ваква пресуда би била „огромна победа за жртвите“.
„Ова не се однесува само на Сиријците — ова ќе ја отвори вратата и за жртвите од било која земја. За прв пат, еден национален истражен судија би имал право да издаде налог за апсење на претседател кој е сè уште на функција,“ рече Дарвиш.
Ако одлуката биде позитивна, Центарот ќе продолжи и против други лица од режимот на Асад, вклучувајќи евентуално случај за перење пари против поранешниот гувернер на Централната банка на Сирија, Адиб Мајала, чии адвокати тврдат дека тој има имунитет според меѓународното право.
Крај на „недопирливоста“?
Долги години, претседателите беа заштитени од гонење додека се на власт – правило кое било воведено за да се овозможи дипломатско движење и дијалог.
Но, француската адвокатка Жан Сулзер, која ја водеше постапката против Асад за нападот во 2013, вели дека оваа форма на имунитет е „речиси табу“, без оглед на тежината на обвиненијата.
„Мораш да чекаш личноста да не е на функција за да можеш да ја гониш“, рече таа.
Сирија беше под власт на семејството Асад повеќе од 50 години — прво Хафез ал-Асад, па неговиот син Башар. По почетокот на Арапската пролет во 2011 година, започна брутална граѓанска војна која трае 13 години, одзеде повеќе од 500.000 животи и принуди милиони да побегнат во Либан, Јордан, Турција и Европа.
Зошто оваа пресуда може да биде пресвртница во меѓународното право
Првпат национален суд да гони актуелен или поранешен претседател за злосторства како хемиски напад без да чека тој да биде симнат од власт или издаден од своја држава. Може да се создаде модел за други земји да преземат иницијатива и да гонин воени злосторници и надвор од границите (т.н. универзална јурисдикција). Носи ослабнување на концептот на “имунитет за лидери”, што често бил злоупотребуван од диктатори за да избегнат судење додека се на власт и охрабрување за жртвите на конфликти (не само во Сирија, туку и на други места) дека и најмоќните можат да се соочат со правда.