Француски археолози пронашле 200 години стара временска капсула при ископување

Тим од студенти волонтери на археолошко ископување во северна Франција пронашле стаклена вијала со порака од археолог кој исто така ископувал на истото место пред речиси 200 години.
Фото: Guillaume Blondel

Испитувајќи ги остатоците од галското село на врвот на карпата во близина на Диепе, учениците откриле земјен сад со стаклена вијала.

– Тоа беше еден вид шише со миризлива сол што жените го носеле околу вратот, изјави водачот на археолошкиот тим Гијом Блондел, кој ја предводи археолошката служба за градот Еу. Тој додаде дека во шишето имало порака на хартија, завиткано и врзано со конец.

– Пи Џеј Ферет, родум од Диепе, член на различни интелектуални истражувања на оваа огромна област позната како Citte de Limes или Цезаровиот логор, се вели во пронајдената порака.

Ферет бил локален благородник, а општинските записи потврдуваат дека тој го направил првото ископување на локацијата пред 200 години.

– Тоа беше апсолутно магичен момент, изјави Блондел, додавајќи дека се знаело дека на тоа место во минатото имало ископувања.

– Понекогаш наоѓате временски капсули што ги оставаат столарите додека градат куќи. Но, ова е многу ретко во археологијата. Повеќето археолози претпочитаат да мислат дека никој нема да дојде по нив, бидејќи тие ја завршиле целата работа, рече Блондел.

Тој додаде дека на локалитетот досега се пронајдени неколку керамички артефакти од галското време, стари околу 2000 години.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни